Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема изгласано никакво намалување на средствата за борба против загадување на воздухот, реагира владејачката партија по обвинувањата изнесени од Љубица Јанчева од СДСМ.
„Единствената гласачка машинерија во Град Скопје на Данела Арсовска е СДС, ДУИ и Левица. Сите прашања врзани со тоа треба да ги постават на друга врата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно партијта ги повика СДСМ да одговорат зошто како 7 годишна власт не превземаа ништо за почист воздух, ниту пак имаа некаква активна мерка.
„Воедно СДС може одговорите за Град Скопје да ги добијат на некоја од тајните средби со данела одржани во Град Скопје или преку посредниците од Левица. Не планираме битката за почист воздух да ја сведеме на подавање на топка меѓу партиите“, се додава во партиското соопштение.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Нашата советничка група нема изгласано никакво намалување на средства за борбата против загадувањето е превземен од МАКФАКС.