
Во непосредна близина на дискотеката „Пулс“, на влезот во Кочани, е поставен голем крст во чест и спомен на загинатите во трагедијата што го погоди градот.
Крстот е висок 17 метри и широк 12 метри, а го освети митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со свештенослужителите од храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани.
Тој посочил дека спомен-обележјето ќе остане и како потсетник на болката што ја остави трагедијата во Кочани.
Во пожарот во „Пулс“ животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Трагедијата остави длабока трага во Кочани и во целата држава, а семејствата на загинатите и натаму бараат целосно утврдување на одговорноста за случувањата што доведоа до пожарот.
Судската постапка за трагедијата е во тек.
Текстот Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани е превземен од МАКФАКС.



















