Денес за време на инаугурација на 47-от претседател на САД за првпат премиер на владата на Македонија е поканет и ќе присуствува на овој настан во Вашингтон, кој е главна тема на меѓународната политичка сцена, вели пратеникот и поранешен шеф на дипломатијата, Антонијо Милошоски.
Според него, ова е исклучително добра вест за нашата држава и успех за македонската дипломатија.
„Склученото стратешко партнерство од 2008. година, во комбинација со личните познанства меѓу премиерот Мицкоски и неколку членови на владата со дел од блиските соработници на претседателот Трамп, претставува солидна основа за продлабочување на македонско-американските односи, особено во областа на економијата, безбедноста, енергетиката и подобро усогласување на дипломатските активности во области од заеднички интерес“, вели Милошоски.
Како што додава, во овој динамичен свет кој многу брзо се менува, добро е што преку премиерот, Македонија е присутна во Вашингтон и го зајакнува партнерство и довербата со САД, земјата која има најголем потенцијал во обликувањето на меѓународната политика.
Текстот Милошоски: За првпат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД е превземен од МАКФАКС.