Снимка со беспилотно летало од северна Газа, направена за Си-Ен-Ен на првиот ден од прекинот на огнот, го покажува огромниот размер на уништувањето предизвикано од петнаесетмесечната војна, пренесува медиумот.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста исто така го поздрави прекинот на огнот во Газа и почетокот на ослободувањето на преостанатите заложници кои ги држеше Хамас.

„Олеснување е конечно да се видат ослободени првите заложници и пристигнувањето на хуманитарна помош, примирјето да стапи на сила во Газа“, рече Кошта во објавата на платформата „Х“.

Тој рече дека „договорот ја носи потребната трошка надеж во регионот“.

„Сите страни мора да се придржуваат до него. Мирот е единствениот пат напред“, додаде Кошта.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш исто така го поздрави почетокот на спроведувањето на договорот за прекин на огнот и ослободувањето на заложниците во Газа во објава на мрежата „Х“.

„Ние сме подготвени да ја поддржиме оваа имплементација и да ја зголемиме испораката на постојана хуманитарна помош до Палестинците кои продолжуваат да страдаат. Императив е овој прекин на огнот да ги отстрани значајните безбедносни и политички пречки за испораката на помошта“, рече Гутереш.

Текстот „Масовно уништување“: Газа на првиот ден од прекинот на огнот е превземен од МАКФАКС.