Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вечерта пристигна во Вашингтон на почетокот на прославите за неговото враќање на власт, два дена пред церемонијата на неговата инаугурација.

Трамп пристигна од Флорида со авион на американското воено воздухопловство испратен од претседателот во заминување Џо Бајден. Со него на летот во саботата беа неговата сопруга Меланија, ќерката Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.

По пристигнувањето на аеродромот Далес, Трамп отпатува до својот голф клуб во Стерлинг, Вирџинија, на околу 50 километри од Вашингтон.

Таму, заедно со 500 гости, го забавуваше имитаторот на Елвис, Лео Дејс, по што следеше огномет.

Пред да пристигне во Вашингтон, Трамп во телефонски разговор за Ен-Би-Си вети дека ќе потпише рекорден број извршни наредби веднаш по положувањето заклетва. Тој рече дека може да има околу стотина од нив.

Депортирање милиони илегални имигранти, зголемување на тарифите за соседните Мексико и Канада и ривалската Кина, дерегулацијата на енергијата и климата, помилувањето на своите поддржувачи за нападот на Капитол во јануари 2021 година, Доналд Трамп најави дека ќе повлече многу од одлуките и политиките на неговата претходникот Џо Бајден.