Советниците од Нови Сад, како и некои пратеници го окупираа Градското собрание во Нови Сад, јавува „Блиц“.

Пратеникот Радивоје Јововиќ рече дека опозицијата на овој начин прогласила генерален штрајк и ја блокирала работата на овие институции додека не се исполнат барањата на студентите.

Никој не смее да влезе во Градското собрание, освен претставници на медиумите.

Претставници на опозицијата денеска околу 10 часот ја блокираа зградата и се распослаа околу влезовите.

Тие го блокираа и влезот во зградата и канцеларијата на градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Јововиќ рече дека тие се во Градското собрание за да „направат диверзија и да привлечат оклопни транспортери и жандармерија на Српската напредна партија“, додека други градски советници и пратеници влегуваат во градското собрание на Нови Сад.
„Ако повикаме на генерален штрајк, мора и да штрајкуваме. Ако студентите со месеци ги блокираат факултетите, ќе ги блокираме и нашите политички институции. Штрајкови и блокади, сега нема враќање“, рече Јововиќ, пренесуваат медиумите во соседството.

Текстот (Видео) Бурно во зградата на градското собрание во Нови Сад: опозицијата ја блокираше зградата, реагираше полицијата е превземен од МАКФАКС.