Вчера беше пронајдено телото на 42-годишната жителка на Подгорица Ивона Савиќевиќ, која исчезна на 13 јануари, информираа од Управата на црногорската полиција, а пренесоа црногорските медиуми.

Исчезнувањето во полиција било пријавено пред четири дена, а телото било пронајдено вчера.

Во потрагата биле вклучени дронови и хеликоптер на црногорската полиција. Според првичните информации, полицијата не констатирала траги на насилство, но причината за смртта ќе биде позната по сите анализи и вештачења, пишува Вијсети.ме. Ивона беше самохрана мајка на мало девојче.

Савиќевиќ последен пат била видена во местото Штеке, каде на крајот било пронајдено нејзиното тело.

Текстот Пронајдено телото на Ивона Савичевиќ, по која се трагаше во Црна Гора е превземен од МАКФАКС.