Англискиот фудбалски тренер и поранешен фудбалер Стивен Џерард (44) ќе стане дедо. Неговата ќерка Лили-Ела (20) го чека своето прво дете со момчето Ли Бирн.
Таа среќната вест ја потврди на Инстаграм.
„Нашата мала тајна. Најдобри вести. Нашето малечко е на пат“, напиша таа прикачувајќи фотографија од позитивен тест за бременост, фотографија од ултразвук и бебешки чевли. Таа додаде розово и сино срце во описот на фотографијата.
„Едвај чекаме! Одлични вести, честитки! Те сакаме“, напиша гордиот Стивен во коментарите под објавата. Се надоврза и мајката на Лили, Алекс, која напиша дека едвај чека да пристигне нејзиниот внук.
Стивен и Алекс се во брак од 2007 година, а освен Лили, имаат уште три деца – ќерките Лекси (18) и Лурд (13) и синот Лио (8).
Стивен е запаметен како еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња. Моментално е тренер на саудискиот клуб Етифак ФК.
Текстот Стивен Џерард ќе стане дедо е превземен од МАКФАКС.