Поранешниот пакистански премиер Имран Кан е осуден на 14 години затвор во случај на корупција поврзан со продажба на земјиште, изјави неговиот адвокат, пренесува Скај Њуз. Пресудата дојде по обвинувањата за земање мито при продажба на земјиште за имотен магнат во вредност од 190 милиони фунти (250 милиони евра).

Случајот е поврзан со Фондацијата Ал Кадир, која Кан и неговата сопруга Бушра Биби ја основаа додека тој беше на функцијата. Обвинителите тврдат дека фондацијата била фронт за поранешниот премиер. Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на Кан вели дека земјата не била за лична корист, туку за духовна образовна институција.

Седумдесет и двегодишниот Кан беше сменет од функцијата во 2022 година. Тој е во затвор од август 2023 година и се соочува со повеќе од 150 кривични случаи.

Бушра Биби, исто така, беше осуденa во корупциски случај со продажба на земјиште. Локалниот медиум Гео њуз објави дека таа била приведена набргу по пресудата, откако била ослободена со кауција.

Текстот Поранешниот пакистански премиер осуден на 14 години затвор е превземен од МАКФАКС.