Во понеделникот, 53-годишната ѕвезда ги израдува своите обожаватели и следбеници со видео сеќавајќи се на весело време кое го поминувала со ќерките Сандеј (12) и Фејт (10) пред неколку години.
„Само сеќавање од минатото“, напиша Кидман во описот на видеото што го сподели на својот инстаграм – профил од неа и нејзините две ќерки, кои во тоа време имале 7 и 4 години, уживајќи во Австралија.
Во прекрасното видео снимено за „Вог Австралија“ во 2015 година, може да се види актерката и нејзините најмлади ќерки како трчаат, танцуваат, играат и едноставно се забавуваат.
Кидман и нејзиниот сопруг, кантри пејачот Кит Урбан (53) се познати по тоа што приватниот живот го чуваат далеку од очите на јавноста, особено кога станува збор за нивните деца. Па, затоа нивните обожаватели имаат исклучително ретки прилики да ги видат.
Во ноември, Кидман, која исто така дели две возрасни деца со нејзиниот сопруг Том Круз, прозборе за фактот дека нејзините ќерки во последните неколку месеци се борат со целата ситуација со коронавирусот.
„Една од најтешките работи е да ги гледам како копнеат по нивните пријатели… И јас копнеам по моите пријатели“, изјави Никол за „Гламур“.
Таа рече дека верува дека „осаменоста е пандемија“. Но, во претходното интервју за „Пипл“, оскаровката откри дека ако порано се сретнале со Урбан, осаменоста никогаш немало да биде проблем за Сандеј и Фејт, затоа што ќе имале толку многу браќа и сестри покрај себе.