Бугарскиот пасош се наоѓа на 15-то место во светот, според својот авторитет и важност, давајќи им слободен пристап, на луѓето што го поседуваат до 178 земји. Ова го покажува традиционалниот годишен индекс на „Хенли Глобал“ (Хенли Глобал Индекс), јавува бугарскиот портал Офњуз, пренесува Трибуна.

На првата позиција за 2025 година се пасошите на Сингапур, кои овозможуваат безвизно патување во 195 земји. Второто место е за Јапонија – со пристап до 193 земји. Третата позиција ја делат Франција, Германија, Финска, Италија, Шпанија и Јужна Кореја со безвизно патување во 192 земји.

Бугарија го дели 15-то место со Романија и Монако.

Во првите десет земји се:

Австрија, Данска, Ирска, Луксембург, Холандија, Норвешка, Шведска (4 место);

Белгија, Португалија, Швајцарија, Велика Британија, Нов Зеланд (5 место);

Грција, Австралија (6 место);