Лансирањето на ракетата „Њу Глен“ од компанијата Blue Origin на американскиот милијардер Џеф Безос беше откажано пред неколку дена во последен момент поради технички проблеми.

Но, околу триесет ката висока и дизајнирана за повеќекратна употреба, ракетата „Њу Глен“ беше лансирана рано утринава од Кејп Канаверал, Флорида.

Овој беспилотен тест лет е предвиден да ја демонстрира технологијата во вселената за потребите на Blue Origin. Главната цел на мисијата е да докаже дека Њу Глен може да стигне до орбитата, што би го отворило патот за посложени мисии во иднина.

Текстот (Видео) Лансирана е ракетата на Безос е превземен од МАКФАКС.