Во Хрватска денеска се одржува вториот круг од претседателските избори.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Во трката се актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кандидат на опозициската Социјалдемократската партија СДП и Драган Приморац, кого го кандидира владејачката Хрватската демократска заедница (ХДЗ).
Во првиот изборен круг, одржан на 29 декември, Милановиќ освои 49,1% од гласовите, додека за неговиот противкандидат Приморац гласаа 19,35% од гласачите.
Хрватските гласачи, околу 3,8 милиони, ќе гласаат на 6 755 избирачки места во земјата и во странство.
Предизборните анкети предвидуваат убедлива победа на актуелниот претседател, а се очекува и поголема излезеност.
Во првиот круг на гласање излегле 46,02 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список.