„Фејсбук“ ја укинува опцијата „лајк“ од своите редизајнирани јавни страници што ги користат уметници, јавни личности и брендови, објави компанијата, пренесува Ројтерс.
На страниците на „Фејсбук“ ќе бидат прикажани само следбениците и ќе има наменски News Feed каде што корисниците ќе можат да се приклучуваат на разговори, да комуницираат со врсници и да стапат во контакт со обожавателите, најави компанијата во објава на блог.
„Ги отстрануваме лајковите и се фокусираме на следбениците за да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници“, соопшти „Фејсбук“ за редизајнот.