Синоќа во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од с.Сарај, скопско.
Кај нив биле пронајдени и одземени два ножа и еден боксирач.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Текстот Приведени двајца малолетници од Скопје: полицијата пронашла боксирач и ножеви е превземен од МАКФАКС.