Основното јавно обвинителство ќе издаде наредба до Министерството за внатрешни работи да распише потерница за поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Државна лотарија, Прпарим Бајрами откако Основниот кривичен суд Скопје одлучи да им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

„По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера во „Државна лотарија”, кои се недостапни на органите на прогонот, Основното јавно обвинителство Скопје вечерва до Министерството за внатрешни работи ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница“, соопшти обвинителството.