На социјалните мрежи објавена е фотографија од лидерот на ДУИ, Али Ахмети и генералниот секретар на партијата во угостителски објект во Приштина.

„Утринско кафе во Приштина, со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети“, пишува во објавата на социјалните мрежи.

Претходно во Косово замина и најблискиот соработник на Ахмети, Артан Груби, кој се бара поради случајот со криминалот во Државна Лотарија. Обвинителството вчера побара притвор за поранешниот вицепремиер, а во моментот се чека одлуката на судот.

Во земјата не е ниту првоосомничениот, ексдиректорот на Државна лотарија, Прперим Бајрами за кого дел од медиумите објавија дека истотака се наоѓа во Косово.