Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска по повод обновените дискусии во НАТО за можното испраќање војници во Украина изјави дека додека тој е претседател, хрватскиот војник нема да води туѓи војни.

– Хрватски војник нема да води туѓи војни. Додека сме сведоци на глобални промени и конфликти кои можат да имаат непроценливо влијание врз светскиот мир и поредок, повторно започнуваат дискусии за можно заминување војници од одделни членки на НАТО во Украина – напиша Милановиќ на својот официјален профил на Фејсбук.

Тој рече дека додека е претседател ќе ја држи Хрватска надвор од вакви конфликти.

– Хрватска нема да спроведува туѓи одлуки без размислување и следење наредби, туку ќе биде внимателна и ќе се грижи за сопствениот интерес, постојано ќе го доведува во прашање она што се случува околу нас, но ќе биде искрена и лојална на оние со кои потпиша сојуз – рече Милановиќ.

Текстот „Сè додека сум претседател, хрватски војник нема да води туѓи војни“: Милановиќ за дебатата во НАТО за Украина е превземен од МАКФАКС.