Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја потресе Грција, а земјотресот е регистриран на 20 километри од градот Неа Рода.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 4 километри, југоисточно од Неа Рода и 109 километри источно од Солун.

Земјотресот го почувствувале не само граѓаните на Грција, туку и на Бугарија, кои тврдат дека почувствувале благи потреси.

„Почувствував како ми го ниша столот додека седев на мојот компјутер“, напиша еден бугарски жител на ЕМСЦ.

Жител на Хасково рече дека тресењето јасно се почувствувало на горните катови, а жител на Софија рече дека „се тресело и во приземјето“.

Земјотрес е почувствуван и во областа на Солун. Велат дека било помалку интензивно и траело само неколку секунди.

Не се знае дали е забележана материјална штета во близина на епицентарот.

Текстот Силен земјотрес ја погоди Грција, се почувствува и во Бугарија е превземен од МАКФАКС.