Познатата холивудска актерка Џуди Денч (90) неодамна одржа интервју со новинарот Луис Теру. Таа зборуваше за опасната состојба со која живее повеќе од една деценија, а поради која едвај гледа.
„Тоа е лошо. Многу е лошо. Доволно лошо за да биде сè матно. Веќе речиси и не правам ништо бидејќи не гледам“, откри легендарната Британка.
Имено, во 2012 година и била дијагностицирана макуларна дегенерација поврзана со возраста.
Поради оваа болест ѝ стануваше сè потешко да чита сценарија на сетовите, но пензионирањето сè уште не и е во плановите.
„Морав да смислам нови начини на учење. Сфатив дека морам да знам каде има нешто на страницата“, истакна таа.
Нејзиниот вид сега е во таква состојба што, како што вели, повеќе не може да чита книги и весници или да решава крстозбори. Во 2017 година, тоа напредуваше до тој степен што од тогаш не може да вози.
Текстот (Видео) Легендарната актерка се бори со опасна болест од 2012 година: „Не можам повеќе ништо“ е превземен од МАКФАКС.