Откако приврзаници на Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, обидувајќи се да ја оспорат победата на демократскиот претставник Џо Бајден на неодамнешните претседателски избори во САД, Доналд Трамп брзо се огласи на социјалните мрежи како и неговата ќерка Иванка. За разлика од нив, Меланија не и се обрати на јавноста, па многумина се прашува што правела таа во тоа време.

Многумина се прашуваа каде била сопругата на Трамп за време на немирите, а Си-Ен-Ен дознава дека таа организирала фотографирање на Белата куќа во тоа време.

Profimedia
Фото: Профимедиа

„Тие ги снимаа теписите и другите работи во резиденцијата на претседателот и источното крило“, рече нивниот извор.

Меланија, наводно, сакала да објави книга во која ќе обрне внимание на ентериерот и предметите што ги обновила од влегувањето во Белата куќа како Прва дама.

Twitter
Twitter

Додека бројни медиуми и јавноста се прашуваат дали Меланија ќе се огласи за упадот во зградата на Конгресот, извор од Белата куќа за Си-Ен-Ен изјави дека таа нема да го стори тоа.

„Таа повеќе не е психички ниту емоционално подготвена да се вклучи во сето ова“, рече изворот.