Осумгодишно девојче е избодено до смрт откако се обидело да ја одбрани својата мајка која била нападната со нож. Девојчето, Маликика ал-Катиб, беше прободено во грбот и градите во нејзиниот дом во Ко Вексфорд, Ирска.
Кај неа била констатирана смрт набргу по пристигнувањето во болница. Таа спиела во кревет кога ја разбудила гужва на долниот спрат, па отишла да види што се случува, изјавиле извори за британски „Сан“.
Нејзината мајка, 31-годишната Алиш ал Катиб била прободена со нож во градите, но нејзиниот живот не е во опасност. Алиш успеала да побегне од куќата и да го вклучи алармот.
Таткото на Малики, Мохамед Шакир (34) и нејзината мајка итно биле пренесени во Универзитетската болница во Вексфорд. Тој исто така не е во животна опасност. Ирската полиција ја истражува смртта на девојчето, додека куќата е запечатена од форензичарите.
„Полицијата ги истражува сите околности околу смртта на девојчето по кобниот напад во неделата на 1 декември. Полицијата и итната помош пристигнале на местото на настанот во 23 часот и 45 минути. Девојчето потоа било префрлено во Универзитетската болница во Вотерфорд, каде што починала од повредите во раните утрински часови. Жена и маж се во Универзитетската болница во Вексфорд. Нивниот живот не е во опасност. Местото на настанот е блокиран за вештачење“, соопшти ирската полиција.
Текстот Осумгодишно девојче избодено до смрт: се обидела да ја заштити мајка си која била нападната со нож во Ирска е превземен од МАКФАКС.