Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска на Твитер објави дека нема да учествува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.
Трамп со ова ја нарушува воспоставената традиција во политичката историја на САД, претседателот во заминување да се ракува и разговара со новоизбраниот претседател, како конечен акт на примопредавањето на власта.
-До сите оние кои прашуваат, нема да одам на Инаугурацијата на 20 јануари, напиша тој денеска во твит. Ова е трета негова Твитер порака откако социјалната мрежа го блокираше неговиот налог во средата на 12 часа.
To all of those who have asked, I will not be going to the Inauguration on January 20th.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 8, 2021
Трамп нема да биде првиот претседател кој избегнува инаугурација. Претходно тоа го сториле претседателите Џон Адамс, Џон Квинси Адамс и Ендрју Џонсон.
Иако победата на Бајден беше утврдена од страна на американскиот изборен колеџ во декември, целеото време пред гласањето на електорите и потоа, Трамп тврдеше дека постои наводна кражба на гласови и изборна измама, и не ги признавa резултатитe. Изборите се оддржаа на 3 ноември 2020 година.
Тој ги разгори радикалните елементи во земјата со употреба на речник на омраза и напади кон традиционалните медиуми. Некои од највжештените поддржувачи на Трамп, поврзани со радикални десничарски елемнти и привразници на теории на заговор, после протестен митинг кој се оддржа во средата, извршија упад во американскиот Конгрес.