Врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Прилеп, вчера полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес во домот и други простории на М.У.(28) од с.Десово, Општина Долнени.

При претресот пронајдени и одземени биле две ловни пушки и 11 патрони за ловна пушка.

Лицето било лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Текстот Ловни пушки, патрони пронајдени при претрес во Десово е превземен од МАКФАКС.