Рамадан Рамадани

По тоа што Славјанка Петровска веќе прави неколку јавни престапи на дефамација на албанството и муслиманите подолу имам еден јавен предлог за нејзино извлекување од понатамошно одзимање мандат, пресуди и понатамошни маки кои ќе ги сноси заради овие престапи.

Очигледно дека кај неа преовладало мислењето дека нејзината партија изгубила на избори заради тоа што била недоволно македонска или христијанска, но тоа не е случај сега и тука зошто со нејзиниот пример докажува дека граѓаните на избори се воделе од други критериуми. Имено таа е единствен пратеник од целата листа на нејзината коалиција која нејзе ја ставила како носител во шестата изборна единица со само неколку гласови повеќе од прагот на избор.

Очигледно таа мала разлика ја направиле неколкуте албанските гласови кои гласале по граѓански принцип. Без никакви етнички или верски мотиви. Дека ова е погрешен пристап и суд веќе може и самата кутра да се увери во тоа после толку напредувања на назад или надолу кон пропаст.

Но, да се вратам на предлогот кој е во спротивен ток на нејзиното досегашно делување затоа што нема позитивен напредок со негативни чуства, предрасуди и дејанија. Не се станува повеќе македонка со антиалбанство а ниту христијанка со дефамација на ислам или муслимани. Затоа предлагаме една христијанска институција во која ќе напредува, ако се придржи кон основите и начелата и потоа веројатно ќе важи ем за помакедонка ем по христијанка. Замонаши се!

Во Македонија ја има таа институција, избор, редови, манастири и услови за тоа. Нека го врати пратеничкиот мандат и при завет на молк и други постови веројатно ќе се спаси од многу маки кои ја чекаат заради сите престапи.