Во Културно информативниот центар во Скопје в четврток 21.11.2024 во 20 часот ќе биде отворна изложбата „Мал формат/Миниартура“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија. Ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација.

Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот на реализација на ликовните дела и со тоа се дел од тековната продукција на ликовните уметници.

Во тој процес и продукцијата на финални ликовни дела во помал формат е од особено значење бидејќи дава посебно место на јасната идеја, прецизноста во реализацијата на делата и актуелност на понудениот концепт.

Проектот е подржан од Министерството за култура и туризам.

Текстот „Мал формат/Миниартура“ во КИЦ Скопје е превземен од МАКФАКС.