Германија од декември ќе почне да ја снабдува Украина со 4.000 високотехнолошки беспилотни летала контролирани од вештачка интелигенција (АИ) и заштитени од уреди за електронско војување, кои веќе се користени во борбите на југот и на истокот на Украина, објавија денеска германските и украинските медиуми.

Германската компанија „Хелсинг“, која се занимава со вештачка интелигенција, годинава потпиша договор со Министерството за одбрана на Украина за набавка на 4.000 дрона, пишува „Билд“ повикувајќи се на изјавата на германскиот министер за одбрана, Борис Писториус.

Писториус, по масовниот руски воздушен напад врз Украина во неделата наутро, изјави дека е среќен што испораката на овие дронови за напади со вештачка интелигенција ќе почне веднаш, пренесува агенцијата „Укринформ“.

Текстот Германија ќе почне со испорака на 4.000 дрона со вештачка интелигенција во Украина од декември, пишуваат медиумите е превземен од МАКФАКС.