Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби денеска ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат катастрофи во вид на обилни врнежи и ниски температури, поради што е издадено црвено предупредување за областа.
Источниот и јужниот дел на Медитеранот повторно се најзагрозени, а шпанската метеоролошка агенција Аемет, која вчера издаде портокалово предупредување, денеска издаде црвено предупредување за Малага и јужниот дел на Тарагона, пишува шпанскиот весник „Паис“.
Агенцијата Аемет предупредува на дождови и невреме кои би можеле да бидат многу силни.
Текстот Црвен метео аларм во делови од Шпанија, повторно се закануваат обилни дождови и ниски температури е превземен од МАКФАКС.