Синоќа околу 22:50 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, го лишиле од слобода Ф.Р. (20) од Република Турција поради сомнение дека илегално транспортирал мигранти на локалниот пат Стојаково-Богданци.
Според полициските информации, околу 22:00 часот, при извршен преглед на патничко возило марка „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Р., биле пронајдени девет мигранти. Од нив, седум биле државјани на Ирак, додека двајца биле од Сирија.
Мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
Од МВР велат известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок
Текстот Приведен турски државјанин за илегален транспорт на девет мигранти кај Богданци е превземен од МАКФАКС.