Греми наградите кои треба да се одржат во 2021 година се одложени поради загрижувачката ситуација со коронавирусот, велат организаторите.

Церемонијата која е една од најголемите настани во музичката индустрија требаше да се одржи на 31 јануари, настанот сега е презакажан на 14 март.

Бијонсе, Тејлор Свифт и Дуа Липа се едни од звучните имиња кои се во трка за голем број награди оваа година.

EPA-EFE
EPA-EFE/JOHN G MABANGLO

Ништо не е поважно од здравјето и безбедноста на луѓето во нашата музичка заедница и стотиците луѓе кои неуморно работат на шоуто“, се вели во соопштението на „Recording Academy“, која секоја година ги води Греми наградите.

Instagram
Instagram

Останува нејасно дали комичарот Тревор Ноа, кој требаше да го води шоуто, ќе учествува на церемонијата оваа година.

Годинава доделувањето на Греми наградите требаше да биде виртуелен настан, во согласност со другите неодамнешни настани како што се „MTV“, „VMA“ и Билборд наградите.

Instagram
Instagram

Другите големи церемонии, вклучително и Оскарите, Златните глобуси и Британските музички награди веќе се одложени.