МВР растури собир покрај оган во селото Орман

Синоќа полицијата растури собир покрај оган во селото Орман и приведе околу десетина лица присутни на настанот

Во текот на вчерашниот ден приведени се десетина лица поради палење на бадников оган и против нив ќе следат соодветни мерки. Од ВМРО ДПМНЕ реагираат и обвинуваат за селективност, тие велат министерот Оливер Спасовски покажал сила кон народот, додека министри од ДУИ сечат торта без маски.

“Институциите во оваа држава за едни се мајка, а за други маќеа. Функционерите од власта секојдневно ги кршат мерките за заштита од ковид-19, а за тоа не видовме ниту една изречена казна или па некакво приведување, ама за тоа граѓаните и за минимално непочитување се апсат и казнуваат”, велат од ВМРО ДПМНЕ

МВР апелира до граѓаните да не организираат какви било собирања и да ги почитуваат мерките за спречување на корона вирусот.