Властите на Филипините наредија евакуација, складирање храна и ставање на војската во состојба на готовност поради тајфунот Џинсинг, бидејќи бурата се движи кон североисточните градови што може да ги загрози во текот на неделата.
Центарот на тајфунот, со ветрови од 120 километри на час, се проценува на 590 километри од источниот град Балер во провинцијата Аурора, соопшти државната метеоролошка агенција, пренесува Ројтерс.
Локалните власти го повикаа населението од оддалечените населби да се евакуира предвреме, бидејќи постои можност спасувачите да не можат да стигнат до нив за време на бранот на невремето, наведува агенцијата.
Текстот Властите на Филипините наредија евакуација на населението поради наближувањето на тајфун е превземен од МАКФАКС.