Прозападната претседателка на Молдавија, Маја Санду поведе во вториот круг од претседателските избори пред Александар Стојаногло, откако беа преброени 92 отсто од гласовите, покажуваат податоците на веб-страницата на Централната изборна комисија.
Санду е во водство со 50,28 отсто од гласовите, покажуваат податоците.
Двајца политички аналитичари од Кишињев, Владислав Кулмински и Валериу Паша, рекоа дека според нивната проценка, резултатите покажуваат дека Санду го добила вториот четиригодишен мандат и го победила Стојаногло, поранешниот главен обвинител.
Последни се пребројуваат гласовите на дијаспората, која вклучува Молдавци кои живеат во западните метрополи и кои гласаа за Санду во првиот круг од изборите на 20 октомври.
Ниту Санду ниту Стојаногло, кој беше поддржан од проруската социјалистичка партија, сè уште не прогласиле победа или го признале поразот.
Текстот Во Молдавија се преброени 92 отсто од гласовите, актуелната претседателка го презеде водството е превземен од МАКФАКС.