Пишува: Владимир Перев за БГНЕС

Нема вистина во “македонските народни приказни“ за добрите односи со бугарските политичари, нема вистина дека се љубезни и контактираат меѓу себе си, дека контактираат како пријатели кои се разбираат за сопствените недоразбирања. Така не било никогаш.
Македонската политичка страна бара сертификат за своето национално опстојување, бара потврда за себе си, дека е тука, на ова место македонско, од пред илјада години. Тоа Бугарија не може да го даде, нема бугарски политичар кој тоа може да го овозмжи. Некој сака да ја исползува ситуацијата со неможноста да се формира политичка влада во Бугарија, па врз основа на тоа да профитира. Тоа е невозможно. Македонските бугари се на овие пространства повеќе од 1300 години и тоа е решена работа. Во некое минато време во кое Бугарија беше под советска/руска окупација и тоа беше наложено на политичките (алкохолизирани) структури на Бугарија, таквата можност беше прокажана, насочена, но никогаш прифатена.

Деновиве ги слушаме “народните приказни“ на македонскиот премиер Мицкоски за неговите блиски односи и телефонски разговори со Бојко Борисов. Тоа личи на кафеанска приказна. Во ова време на нејаснотии околу форматот на новата бугарска влада, секакви разговори со било кој бугарски политичар, по однос на македонското прашање, се обично губење време, фрлање “прашина во очи“.
Никој не знае што сака да каже Мицкоски за неговите телефонски разговори со Борисов и за нивното заедништво преку партијата на ЕПН во Европарламентот. Тоа се целосно неважни работи, во Бугарија на тоа се гледа како на елемнтарни цивилизациски односи меѓу политичарите. По точно кажано, во Бугарија никој нема мандат за преговори околку рамката и условите кои Македонија треба да ги исполни за почеток на преговорите со ЕС.

Во моментот кога македонскиот министер Николовски, ги нарече бугарските политичари “мизерници“, се затвори вратата за преговори, се вративме на времето од Кралството СХС и прогласувањето на бугарите за “татари и словенски изроди“. Борисов е умен, вешт политичар, опстанал долго на сцената и знае дека нема мандат да преговара со влада во која има такви министри.
Повеќе од сто години македонските бугари се заборавени од меѓународната политиката на Софија. Сега си замина времето на полтронство и повладување на интересите на Белград на Балканот. Борисов, а и целата бугарска политичка елита тоа го знае и прифаќа. Конечно, личните односи и телефонските контакти се само работа на добро воспитание и напори за одржување на односите меѓу две држави на разумно ниво. И на Мицкоски и на Борисов им е сосема јасно дека не можат, не смеат да разговараат за правата на македонските бугари, не смеат да ги стават како заложници за некакви нејасни, идни “добрососедски односи“ кои на крајот се сведуваат на давање на нови и сѐ1 нови привилегии на србомакедонистите, сега олицертворени во владата на Мицкоски.
Нема преговри за никаква рамка, нема добрососедски односи без согласноста на македонските бугари и безусловната промена на македонскиот Устав.

Денес, Европа и нејзините институции се зад правата на бугарите во Македонија и тоа е факт.