Како и за сите така и за телевизиската водителка Анкица Стојановска- Митровска, годинава која изминува е во знакот на новото „нормално“ кое го донесе ковид пандемијата. Роденденски прослави по дома, средби со пријателите на отворено и со сите корона протоколи. Нешто кое на сите ни одзеде многу, а воедно нè научи да погледнеме кои работи ни се важни и за што вреди да се вложуваме.

приватна архива

– Годинава која изминува е година која нема да ја заборавиме поради корона кризата која ни го поремети начинот на живот и комуникација. Живеевме во некое забрзано темпо кое во 2020 се успори, ни даде лекции да бидеме покрај семејството и да ги согледаме вистинските вредности. Имав некои предвидени планови и патувања кои ќе ги оставам здравје, за следната година. Роденденските прослави ни беа во кругот на семејството, како и средбите со пријателите на отворено и на дистанца. На неколку дена пред крајот на годината она што ќе го издвојам е радоста за првиот училишен ден и подготовките и возбудата на моите првачиња Ива и Марко.

приватна архива

Што очекуваш од новата година?

Во новата година очекувам да сме сите среќни да ја снема лошата статистика на заболени и да им го вратиме детството на децата за да им биде нормално. Посакувам да сме здрави и полни со љубов и добрина, да размислуваме за големи нешта и да уживаме во малите работи кои нè прават среќни. Лично ќе посакам моите блиски да се живи и здрави и сите на број. Да бидеме оптимисти дека убавите времиња наскоро ќе дојдат.

приватна архива