Холандија е земјата која последна во ЕУ со почеток од среда ќе го започне процесот на вакцинација на населението, соопшти тамошната Влада. 

Персоналот на болниците кој е во контакт со пациентите со ковид-19 ќе биде првиот што ќе се вакцинира, заедно со вработените во домовите за пензионери на југот на земјата, објавија здравствените власти.

Почетокот на вакцинацијата против ковид-19 е поместен два дена порано во однос на 8 јануари, како што беше најавено, соопшти Министерството за здравство.

Од почетокот на вакцинацијата во Европа на 27 декември, некои земји беа цел на остри критики за бавното темпо на вакцинација, особено Франција.

Франција ја проширува кампањата за помасовна вакцинација против ковид-19

Во првата недела од кампањата за вакцинација, која се фокусираше на домови за стари лица, Франција вакцинираше 516 лица.

Но, Холандија доцни уште повеќе: првите вакцинации се закажани скоро две недели по почетокот на вакцинацијата во ЕУ и скоро еден месец по почетокот на кампањата во Велика Британија.

Министерот за здравство Хуго де Јонг во парламентот ќе ги презентира причините за ваквото одложување на процесот на вакцинирање.