Повеќе од две третини од вакцините дистрибуирани во САД се уште не се употребени, соопштија здравствените власти.

Гувернерите на сојузните држави Њујорк и Флорида соопштија дека болниците кои нема да го забрзаат процесот на вакцинирање ќе бидат казнети.

– Во Њујорк, болниците се должни да ги аплицираат сите вакцини што ги примаат во рок од една недела, во спротивно ќе мора да платаат казни, а следните испораки на вакцини ќе бидат намалени, изјави гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо.

– Не сакам вакцини во фрижидери, сакам луѓето да ги примаат, предупреди гувернерот на Њујорк.

Гувернерот на Флорида, Рон де Сантис, објави дека болниците што побрзо вршат вакцинација ќе имаат на располагање поголеми количини вакцини.

Од почетокот на пандемијата во САД, потврдени се повеќе од 20 милиони случаи на Ковид-19 и над 350 илјади смртни случаи, со просечна дневна стапка на смртност од над 2.600.

Во САД досега се дистрибуирани околу 15,4 милиони дози вакцини против Ковид-19, но само околу 4,5 милиони луѓе ја примиле првата доза.