Градоначалникот на Кирхберг Франц Хофер е убиен во денешниот напад во Австрија, поради што полицијата започнала голема операција.
Како што е потврдено за Кроне, напаѓачот е во бегство.
Веднаш по страшното откритие, на местото се испратени сите полициски единици. Исто така, алармирани се и специјалните единици, а на местото на злосторството пристигна и блиндиран автомобил „Кобра“.
Ловецот кој бил на нива или во шума, откако пукал се упатил во непознат правец.
Нападот се случил околу 9:15 часот.
Канцеларијата на гувернерот на државата, Томас Стелцер, потврди за Кроне во 9:45 часот дека е убиен градоначалникот на Кирхберг.
Текстот Атентат во Австрија: ловец со пушка го уби градоначалникот е превземен од МАКФАКС.