Ноќеска во 20.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.Ш.(25) од Куманово затоа што истиот ден на улица „Браќа Миладиновци“ во Куманово одзел чанта на Б.В.(79) од Куманово.
Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, извести полицијата.
Текстот Приведен крадец во Куманово: украл чанта е превземен од МАКФАКС.