Претседателот на Управниот одбор на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, Херберт Дис во официјално писмо ги извести надлежните органи во Турција дека доставил документи за затворање на претставништвото на компанијата, регистрирано во оваа земја во 2019 година.
Дис истакна дека причина за таквата одлука е светската пандемија на коронавирусот.
– Подготвени сме да продолжиме со нашите активности во Турција во некое посоодветно време, напиша Дис во писмото.
Турскиот министер за индустрија, Мустафа Варанк, пак, од своја страна, го критикуваше таквиот потег на компанијата.
– Оваа одлука е донесена од политички причини. Нема економска основа. Остануваме отворени за соработка со странски инвеститори, истакна Варанк.