Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, доцна вчера слета во Каиро на разговори со египетските власти, што е прва ваква посета по неколку години, како дел од турнејата на Блискиот Исток во време на голема загриженост поради можен поширок конфликт во регионот со Израел.
Тензиите се високи бидејќи се очекува израелски напад врз Иран како одмазда за иранскиот ракетен напад на 1 октомври, кој дојде по ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и проиранската либанска милиција Хезболах.
Односите меѓу Египет и Иран беа главно преполни со несогласувања во последниве децении, но двете земји ги интензивираа дипломатските контакти на високо ниво откако избувна кризата во Газа минатата година, при што Египет сакаше да дејствува како посредник.
Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати отпатува за Техеран во јули за да присуствува на инаугурацијата на иранскиот претседател.
Текстот Иранскиот шеф на дипломатијата отпатува во Египет за првпат по неколку години е превземен од МАКФАКС.