Шеснаесетгодишно девојче почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) по компликации по операцијата за вадење заб. Трагичната вест за Дневни аваз ја потврдил член на семејството на починатото девојче.
Според достапните информации, девојчето побарало лекарска помош поради проблем со забите.
Откако и го извадиле забот, нејзиното здравје брзо се влошило. Се развил воспалителен процес кој довел до сепса, поради што итно била пренесена во КЦУС.
Обвинителството е веќе известено за случајот и покрената е истрага за утврдување на околностите кои довеле до оваа трагедија.
„Постапуваме по случајот, се вршат проверки, односно се преземаат дејствија со цел да се проверат и да се утврдат сите околности на смртта“, изјави за Кликс Азра Бавчиќ, портпарол на Обвинителството.
Родителите на девојчето кои се во шок и болка бараат правда и одговорност за смртта на нивната ќерка. Вчера е извршена обдукција, а погребот на девојчето ќе биде извршен утре.
Повеќе информации за точната причина и околностите на смртта треба да се знаат подоцна.
Текстот Тинејџерка почина во Сараево по вадење заб е превземен од МАКФАКС.