Светската здравствена организација објави дека ја одобрила вакцината против мајмунски сипаници на компанијата „Бавариан Нордик“ за адолесценти на возраст од 12 до 17 години – возрасна група која се смета за особено ранлива на болеста, што предизвика голема глобална загриженост.

Во август, Светската здравствена организација ги прогласи мајмунските сипаници за глобален јавно здравствен проблем по втор пат во две години, откако нов тип на вирус се прошири од Демократска Република Конго во соседните земји.

Во септември, агенцијата на Обединетите нации ја одобри употребата на оваа вакцина за возрасни, олеснувајќи го пристапот до вакцината во тешко погодените африкански земји.

Децата, адолесцентите и луѓето со ослабен имунолошки систем се особено подложни на мајмунски сипаници, вирусна инфекција која обично предизвикува симптоми слични на грип и кожни лезии исполнети со гној.

Мајмунската сипаница е таканаречена вируснаболест која може да се пренесе од заразено животно на човек, а симптомите се слични на оние кои се заразени со сипаници.

Последната одлука на СЗО дојде откако Европската унија го одобри овој лек како вакцина за адолесценти во септември.

Текстот СЗО одобри вакцина против мајмунски сипаници за тинејџери е превземен од МАКФАКС.