Синоќа на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, две лица физички нападнале малолетник од Скопје.
MВР информираше и за уште еден случај на напад на истото место, што се случил вчера.
„Р.Б.(54) од Скопје пријавил дека околу 19.15 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице“, стои во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.