Вчера во 20.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(38) од Република Косово, со привремен престој во Скопје.

Тој се сомничи дека претходниот ден го подметнал пожарот во подрумските простории на општина Тетово.

Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик.

Текстот Уапсен маж од Косово, се сомничи дека подметнал пожар во општина Тетово е превземен од МАКФАКС.