Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека земјата може да произведува четири милиони беспилотни летала годишно и брзо го зголемува производството на друго оружје.

Обраќајќи им се на шефовите на десетици странски производители на оружје во Киев, Зеленски рече дека Украина веќе има договорено производство на 1,5 милиони беспилотни летала оваа година, пренесува Ројтерс.

„Во екстремно тешките услови на војната под постојани руски напади, Украинците успеаја да изградат практично нова одбранбена индустрија“, рече Зеленски.

Текстот Зеленски: Украина може да произведува четири милиони беспилотни летала годишно е превземен од МАКФАКС.