Четири момчиња и четири девојки почина во викендичка кај Посушје, БиХ. Првичните информации говорат дека децата кои се на возраст од 19 и 20 години, најверојатно се задушиле од плин.

Осумте млади луѓе во викендичката го прославувале дочекот на Новата годината. Полицијата во моментот се уште врши увид на местото, а медиумите ги пренесуваат и првите детали.

фото: Klix.ba

Телата на децата биле пронајдени од соседите на кои им било чудно дека никој не излегува од викендичката. Неколкупати заѕвонеле на вратата, но откако никој не им одговорил, одлучиле да го скршат стаклото на прозорецот и да влезат внатре.

Внатре ги затекнала страшка глетка – осум тела, по што веднаш повикале полиција.