(ВИДЕО) Бајден го одржа последниот говор во Генералното собрание на ОН среде глобалните превирања и неизвесната изборна трка во САД

Претседателот Џо Бајден се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации за последен пат како врховен командант на САД. Неговиот настап се совпаѓа со тешка глобална безбедносна ситуација, во услови на зголемување на ризикот од понатамошно разгорување на воениот конфликт на Блискиот исток, како и руската воена агресија против Украина која се води веќе трета година, како и зголемената глобална загриженост за влијанието на Кина.

 Неговиот говор во ОН се совпаѓа и со тековната претседателска трка во САД која влегува во својата финална фаза. Претседателот Бајден е свесен дека неговиот наследник – потпретседателката Камала Харис или поранешниот претседател Доналд Трамп – ќе се соочи со истите прашања во Белата куќа.

MSNBC