Кинески, севернокорејски и ирански стратешки фактори неопходни за функционирање на одбранбената индустрија на Русија

Путиновиот режим, по неуспехот на „блицкриг“ стратегијата,  во обид да го промени текот на војната против Украина се сврте кон злосторничка, масовна и неселективна употреба на големите резерви од ракетно и артилериско оружје.

Во анализата на Олег Усатенко, ексклузивно за ЦивилМедиа, се демаскираат руските олигарси кои ја поттикнуваат путиновата брутална воена агресија и профитот од одбранбената индустрија, претворајќи го страдањето на Украина во нивниот најциничен „деловен потфат“.

Истовремено, во делот од анализата кој ви го пренесуваме овде, се идентификуваат стратешките фактори неопходни за функционирање на одбранбената индустрија на рф која е критично зависна од снабдувањето со увезени компоненти и стратешки суровини за многу оружјa и воена техника и муниција произведена во рф, како и од снабдувањето со специјализирана увезена технолошка опрема и технологии.

Кинески, севернокорејски и ирански стратешки фактори за функционирање на одбранбената индустрија на рф во услови на војна против Украина.

Последната посета на путин на НР Кина на 16-17 мај 2024 година и неговите преговори со кинескиот врховен водач Си Џинпинг го потврдија фактот за водечката важност на НР Кина за зачувување на режимот на путин, а при тоа Кина постепено политички и економски го апсорбира ослабениот корумпиран и зависен режим на путин.

Режимот на путин сѐ повеќе зависи од кинеската поддршка за руската економија, вклучително и во областа на одбранбената индустрија, како и од воено-техничката соработка со НР Кина, како директно, така и тајно, преку кинески партнери во Северна Кореја и Иран и други „посредници“.

Ефективни мерки за спротивставување на одбранбената индустрија на рф

Меѓу ефективните мерки за спротивставување на одбранбената индустрија на рф е и интензивирањето на напорите на западните земји за зајакнување на режимот на ефективни санкции против рф и нејзините земји „партнери“.

Водечките земји и меѓународните безбедносни организации, пред сè, САД, Велика Британија, Канада, земјите од ЕУ, НАТО и Обединетите нации, мора да ја покажат својата подготвеност за реализирање на сопствените стратешки приоритети, за да се обезбеди глобална и регионална безбедност, да се обезбеди прекин на снабдувањето со странски критични технологии, технолошка опрема, компоненти и суровини за потребите на одбранбената индустрија на рф.

Меѓу неопходните приоритетни и итни активности на западните земји со цел да се неутрализира деструктивната и опасна улога на одбранбената индустрија на рф е зајакнувањето на режимот на ефективни и сеопфатни санкции против рф, вклучително и во областа на увозните операции на рф за добивање на критични технологии, технолошка опрема, компоненти и стратешки суровини.

Најактуелни и неопходни такви мерки се блокирањето на соодветниот кинески, севернокорејски и ирански извоз, снабдувања од други земји, вклучително и од „сива“ и „транзитна“ природа, како и жестоки лични санкции против раководството на рф и руските „олигарси“ и „бизнисмени“ кои се вклучени во водењето злосторничка војна против Украина.

М. Д.


ПРОЧИТАЈТЕ И:

(ЕКСКЛУЗИВНО) Олигарсите зад злосторствата и теророт: Воената индустрија на државата-терорист

Како руските олигарси ја напојуваат руската воената машинерија: Профит, оружје и терор