Третиот по ред детски фестивал „Бисерчиња“ ќе се оджри вечерва со почеток во 19 часот, во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, информираа денеска организаторите, здружението-Асоцијацијата за култура и уметност „Мулт Арт“ и телевизија „Плус“. Кумановци ќе имаат можност да слушнат петнаесет детки песни.

– „Бисерчиња“ продолжува со својата мисија да го прикаже детскиот талент преку новокомпонирани песнички, за кои се снимени видеозаписи кои исто така ќе бидат прикажани на фестивалот. Темите се различни, весели, разиграни. Сметаме дека на овој начин придонесуваме да се слушнат и видат најмладите таленти од Куманово, изјави претседателот на здружението Асоцијација за култура и уметност „Мулт Арт“, Слаѓан Станишковски.

Во спотовите за песничките учествуваат и членовите на балетските студија од Куманово, Ултра, Fusion, Skill Factory и танцовиот клуб Динамик. Годинава, фестивалот се реализира со поддршка на секторот за култура при општина Куманово.

Фестивалот се организира со поддршка од Сектор за култура, при Општина Куманово.